Турција ќе и даде парична помош на Киргистан

Турција денеска потпишаа договор со Киргистанските власти, со кој договор Турција ќе им даде 11 милиони долари за реконструкција на разурнатите домови од минатомесечните насилства на југот на земјата, и дополнителни 10 милони долари неповратна помош за Киргистан. Помошта ја најавил турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давитоглу кој денеска е во посета на Бишкек каде присуствуваше на церемонијата на прогласување на Роза Отунбаева за претседател на земјата. Тој беше единствениот министер за надворешни работи кој присуствуваше на церемонијата.