МВР:СДСМ предизвикувачи на инцидентот во Собрание

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по денешната средба со сите полициски службеници кои биле на работа во Собранието на денот на инцидентот, изјави дека откако уште еднаш го прегледале доказниот материјал, фотографиите и снимките од настанот, уште еднаш недвосмислено утврдиле дека пратениците на СДСМ го предизвикале завчерашниот инцидент. Комплетираниот доказен материјал одетврточниот инцидент во Собранието, МВР ќе го достави до сите дипломатско -конзуларни претставништва и амбасади во Македонија за и тие да добијат јасна слика за она што се случувало.