Почина лидерот на палестинската група Црниот септември

Водачот на палестинската организација Црниот септември, Монамед Удех починал денеска во Дамаск, соопштило неговото семејство. Удех или попознат како Абу Дауд го испланирал нападот на израелските спортисти на Олимпијадата во Минхен на 5 септември 1972-та, при што загинале 11 луѓе. Удех беше лидер на групата Црниот септември, огранок на Фатах, оснавана да се освети за протерувањето на Палестинците од Јордан во седумдесетите години на минатиот век. Удех ќе биде погребан во кампот за бегалци во Дамаск.