ММФ ќе и додели заем на Романија

Меѓународниот монетарен фонд се согласи на Романија да и ја додели последната транша од антикризниот заем во износ од 913,2 милиони евра, соопштија светските агенции. Антикризната програма на ММФ за Романија беше одобрена во мај 2009 година и изнесува 13,6 милијарди евра. Според ММФ романската влада презема значајни чекори за обновување на макроекономската стабилност и презема амбициозни мерки за да го спречи слабеењето на фискалните позиции.