Тадиќ по инцидентот во Косовска Митровица, ќе оди во ОН

Претседателот на Србија Борис Тадиќ поради новонастанатата ситуација во северниот дел на Косовска Митровица , ќе патува за Њујорк на седница на Советот за безбедност на ОН, закажана за 6 јули. Поради патувањето во Њујорк, Тадиќ ја помести официјалната посета на Црна Гора, па така наместо на 6 и 7 јули, посетата е одложена за 8 и 9 јули. Државниот врв на Србија и претставниците на политичките партии го осудија вчерашниот бомбашки напад во северниот дел на Косовска Митровица, во кој едно лице загина, а 11 се повредени. Српскиот совет за национална безбедност на вчерашната вонредна седница нападот го оцени како терористички.