ВМРО ДПМНЕ - Ставовите на Хелсиншки да се земат со резерва

По повод Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права за 2009 година објавен денеска, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нивните ставови треба да се земат со резерва, бидејки веројатно станува збор за политичка злоупотреба. „Со Хелсиншкиот комитет претседава Мирјана Најчевска, личност која што беше кандидат за градоначалник на опозициската ЛДП, а сега е член на највисокото претседателство на оваа партија,“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.
Хелсиншкиот комитет денеска соопшти дека во Македонија дошло до назадување во областа на човековите права и до концентрација на моќта пред се во владејачката структура и нејзините коалициски партнери.