Собрание: За ВМРО виновен е Црвенковски а за СДСМ - Груевски

-„Вакво сценарио и валкана политичка игра му одговара само на Бранко Црвенковски. Само тој може да вирее во ваква ситуација“ -, изјави денеска на средба со новинарите Мартин Протоѓер генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски коментирајќи го синоќешниот инцидент меѓу припадници на опозицијата и на обезбедувањето. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во изјава за МИА ги отфрла тврдењата на опозицијата дека на денешната средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пред него и пред пратениците од СДСМ покажала лажна изјава на припадникот на МВР кој синоќа снимал пред зградата на Парламентот. СДСМ пак на прес конференција ги обвини премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да сторат се за да обезбедат вистински политички дијалог во Собранието на РМ, тие со секој свој потег ја деградираат парламентарната демократија.