Вратите на НАТО за Украина се отворени, изјави Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Киев изјави дека вратите на НАТО остануваат отворени за Украина. На состанокот со укринскиот шеф на дипломатијата Константин Грушченко, Клинтон истакна дека Украина е суверена и независна држава која има право сама да си избере сојузници. Украинските власти, предводени од претседателот Виктор Јанукович, ги прекинаа активностите за зачленување во НАТО, а украинскиот парламент вчера усвои закон со кој земјата има неврзан статус.