Концентрација на моќта во Македонија, констатира Хелсиншки Комитет

Назадување во областа на човековите права и концентрација на моќта, забалежува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во денеска презентираниот Годишниот извештај. Христо Ивановски, член на Бордот на Хелсиншкиот комитет, на прес-конференција рече дека од вонредните избори досега има појава која сериозно ги загрозува елементарните човекови права. Таа е поврзана со концентрацијата на моќта, пред се во владејачката структура и нејзините коалициски партнери, рече Ивановски. Најголеми последици од концентрацијата на моќта, според Хелсиншкиот Комитет, има во судскиот систем, МВР, НВО секторот и медиумите.