Ромпеј во наредната недела на Балканот

Претсдателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпеј од понеделник ќе престојува во неколку-дневна посета на Балканот, при што ќе ги посети Србија, Хрватска, Словенија и Косово. Доаѓам на Западен Балкан за да потврдам дека стабилноста и европската интеграција на регионот остануваат од клучно значење за Европската Унија, изјави Ромпеј.