Уште еден штрајк е најавен во Грција

Двете најголеми синдикални организации во Грција најавија уште еден штрајк кој ќе се одржи на 8 ми јули. Овој штрајк ќе биде 6-ти по ред откако владата најави строги антикризни мерки. Синдикатите овојпат ќе штрајкуваа против законот за реформи со кои се планира да се намалат пензиите и да се зголеми старосната граница за пензионирање. Грчкото собрание овој закон ќе го разгледува токму на денот на штрајкот, 8 ми јули.