Филе:Проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека проширувањето на ЕУ ќе остане еден од приоритетите и за време на белгиското претседавање со Унијата, кое почна денеска. Тој додаде дека и покрај впечатокот дека некои членки на ЕУ се против натамошното проширување поради економската криза, од досегашното искуство не може да се заклучи дека овој процес го забавувал економскиот развој на „старите“ членки. Еврокомесарот објасни дека со усвојувањето на Лисабонскиот договор е отстранета пречката за продолжување на процесот за проширување.