Владата противник на криминалот

Сите оние кои се занимаваат со корупција или криминал треба да знаат дека во оваа Влада имаат сериозен противник независно од партиската припадност, а овие акции се само дел од еден голем мозаик, изјави денеска премиерот Никола Груевска како коментар на полициските акции „Бумеранг“ и „Фаланга“. Според него акциите се дел од севкупните напори на Владата за сузбивање на криминалот и корупцијата и не се ниту почеток ниту крај.