Во БиХ 32 уапсени за трговија со дрога и оружје

Босанската полиција низ повеќе градови на Босна и Херцеговина уапсила 32 луѓе осомничени дека се занимавале со трговија со дрога и оружје, јавуваат босанските медиуми. Акцијата била извршена ноќеска, главно на територијата на Република Српска, при што бил извршен претрес во 40 куќи. Во акцијата учествувале 400 полицајци. Стотина луѓе беа уапсени во мај во слична акција во Република Српска.