Средба на Петреус со преставници на НАТО во Брисел

Генерал Дејвид Петреус , новиот командант на американските и на НАТО силите во Авганистан, изјавил дека ќе направи се што е во можност за да се избегнат цивилни жртви во Авганистан. Петреус тоа го изјавил на денешниот состанок со преставниците на НАТО во Брисел, пред да замине за Авганистан. Генералот изјавил дека состојбата во земјата можеби прво ќе се заостри пред да стане подобра. Минатиот месец во Авганистан беа убиени 100 странски војници, а повеќе од 320 американски војници загинаа од почетокот на оваа година.