Тајна средба Давутоглу - Елизер

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу и израелскиот министер за трговија Бенјамин Елизер тајно се состанале во Брисел на разговори за надминување на несогласувањата меѓу двете земји. Средбата била одржана на барање на Израел, а по сугестија на Вашингтон, изјавил турски дипломат, не давајки други детали. Израелско – турските односи се заострија по инциденот со хуманитарниот конвој за Газа.