Убиени 11 курдски бунтовници во Турција

Турските медиуми јавија дека 15 луѓе биле убиени во судирите меѓу турската армија и курдските бунтовници во југо-источна Турција. Престрелката започнала во текот на изминатата ноќ кога курдски бунтовници нападнале една воена база во провинцијата Сирт, при што, биле убиени 11 напаѓачи и 4-ца војници.