Русија и Казахстан во царинска унија

Русија, Белорусија и Казахстан од денеска требаше да стапат во царинска унија, со што се очекува подобрување на трговската размена меѓу овие земји. Но, Белорусија сеуште не ги ратификувала сите неопходни договори, а Русија и Казахстан соопштија дека тие ќе ја стартуваат унијата без оглед на тоа дали ќе им се приклучи и Белорусија.