Меѓународна конференција за палестинците

Денеска во главниот град на Франција е закажана меѓународна конференција за Палестина. Како што јави новинската агенција Ројтерс, денеска во Париз ќе се сретнат францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер, екс-премиерот на Британија Тони Блер, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Кетрин Ештон и премиерот на палестинците Салам Фајад. За сега нема официјални детали за темата на која ќе се разговара.