Суспендирана нигериската фудбалска репрезентација

Претседателот на Нигерија ја суспендираше фудбалската репрезентација од натпреварување на меѓународна сцена во следните две години, поради лошиот настап на Светското фудбалско првенство, објавил портпарол на претседателот Гудлак Џонатан. Според портпаролот забраната се носи со цел реорганизација во националната фудбалска организација. Ќе се разгледува и финансирањето на репрезентацијата, вклучувајќи го и најмувањето на шведскиот тренер, Ларс Лагербак. Статутот на ФИФА предвидува националните федерации да бидат независно управувани или во спротивно, да се соочат со суспензија од светската фудбалска сцена.