Петмина во кома поради убоди од крлежи во Хрватска

Од убоди од крлежи, пет пациенти во Хрватска се наоѓаат во кома и се приклучени на респиратори. Според лекарите, здравствената состојба на еден од пациентите е многу тешка. Oваа година во Клиниката се хоспитализирани 11 лица со убоди од крлежи. По толку пациенти се регистрирани и претходните години, но никогаш со толку тешки симпоми. Лекарите претпоставуваат дека станува збор за мутирање на вирус, но засега ништо не е докажано.