ЕУ отвори ново поглавје во преговорите со Турција

Европската Унија отвори ново поглавје во преговорите за членство на Турција во Унијата, соопштуваат дипломатски извори. Поглавјето
се однесува на Прехрамбената, ветеринарната и фитосанитарната безбедност. Одлуката е донесена од постојаните претставници од 27-те земји членки од ЕУ пред министерската средба во Брисел, на која ќе учествува турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Тоа ќе биде 13-тото поглавје отворено во преговорите со Турција од нивниот почеток во 2005 година.