Со економски социјален совет до помала невработеност

Формирањето на економскиот социјален совет ќе придонесе за намалување и ублажување на последиците од економската криза, пред се спречување на отпуштањето работници односно намалување на високата стапка на невработеност во земјата, изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, на денешната конференција во Охрид. Бајрами изјавил дека голем дел од високата стапка на невработенсот се должи и на сивата економија, која можеби е посериозен проблем.