Во Грција се удавиле 16 илегални мигранти

Најмалку 16 илегални мигранти се удавиле при обидот преку реката Еврос да влезат од Турција во Грција, соопштила полицијата. Имигрантите биле од Африка. Во Грција секоја година , трговците со луѓе се обидуваат да внесат по неколу десетини илјади илегални мигранти кои од Грција продолжуваат кон Западна Европа.