ЕУ го казни најголемиот произведувач на челик

Регулаторите на Европската Унија го казниле произведувачот на челик Арцелормитал со 276 милиони евра, затоа што со тајни договори ги „местел“ цените со уште 16 други произведувачи на челик во иминатите две децении. Европската комисија соопштува дека ги казнила сите компании со вкупно 518 милиони евра. Комисијата ги обвини произведувачите дека меѓу 1984-та и 2002-та одржале над 500 тајни состаноци за да се договорат за цената на челикот.