Инагурацијата на Отумбаева за претседател во сабота

Привремената лидерка на Киргистан Роза Отумбаева ќе биде прогласена за претседател на 3 јули, соопштуваат киргистанските власти. Прогласувањето на Отумбаева за претседател ќе следи откако комисијата ќе ги објави официјалните резултати од референдумот кој
се одржа на 27 јуни, а на кој луѓето се изјаснија за уставните промени. Со измените се намалија овластувањата на претседателот и Киргистан стана првата парламентарна демократија во Централна Азија. Рефендумот го отвори патот за спроведување на парламентарните избори кои треба да се одржат на 10 Октомври.