Милошоски и Јагланд од Советот на Европа во посета на Грузија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа, заедно со генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд, ќе ја посетат Грузија на 2 и 3 јули.
За време на посетата на Тбилиси тие ќе се сретнат и со грузискиот претседател Михаил Саакашвили.
Посетата на Милошсоки и Јагланд на Грузија има за цел да се разгледаат можностите за проширување на акцијата на Советот на Европа за заштитата на човековите права во регионот погоден од воениот конфликт во август 2008 година