Меѓународна конференција за Трудот во Охрид

Делегации на 11 држави, предводени од министри или државни секретари за труд, претседатели на синдикати и на организации на работодавачи, набљудувачи на меѓународни организации, учествуваат во работата на дводневната регионална трипартитна конференција на тема „Улогата на економско-социјалните совети во време на криза“, што во организација на Меѓународната организација на трудот денеска и утре се одржува во Охрид.
„Со оглед на тоа што конференцијата се одржува во услови на светската економска криза, очекувам да размениме информации за улогата на социјалниот дијалог во подготовката на пакетот антикризни мерки, како и влијанието на економската криза врз страните во социјалниот дијалог, рече министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами во обраќањето пред учесниците на конференцијата.