Се избира претседател на Германија

Германското Сојузно собрание денеска треба да избере нов шеф на државата. Досегашниот претседател Хорст Келер пред речиси еден месец поднесе оставка на таа функција, по критиките поради неговите забелешки за вклученоста на Германија во мисијата во Авганистан. Тој тогаш рече дека земја која има голем извоз како Германија, мора да знае дека во итни случаи, воените интервенции се неопходни за да се заштитат патиштата на слободна трговија. Инаку, Сојузното собрание е тело кое се состанува само при избор на нов претседател на државата и е составено од пратеници во Бундестагот и од парламентите на сојузните покраини.