Трговијата со луѓе во Европа во пораст

Трговијата со луѓе е еден од највносните илегални „бизниси“ во Европа, во чии рамки припадниците на криминални групи заработуваат околу 2,5 милијарди евра годишно, а бројот на нивните жртви расте за 50 насто секоја година. Овие податоци се наведени во извештајот на канцеларијата на ОН за борба против наркотици и организиран криминал, насловен „Трговијата со луѓе во Европа поради сексуално искористување“. Најмногу жртви доаѓаат од Балканот, вкупно 32 насто, а потоа следуваат лица од државите на поранешниот Советски Сојуз, Јужна Америка, централна Европа, Африка и од источна Азија.