Времето променливо, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Макeдонија ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 21 до 29 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.