Петреус:состојбата во Авганистан „нејасна“

Новиот командант на заедничките американски и НАТО сили во Авганистан Дејвид Петреус , денеска пред Сенатот ја опишал состојбата во Авганистан како нејасна. Тој денеска одговарал на прашања поставени од Сенатот, во врска со сосотјбата во Авганистан. Петреус ќе го замени генерал Стенли Мекристал кој беше разрешен од претседателот Барак Обама по проблематичните изјави за високи преставници на американскита администрција.