Израел:нема палестинска држава пред 2012-та

Израелскиот министер за надворешни работи Авигор Либерман изјави дека палестинска држава нема да се формира во наредните две години. Изјавата на Либерман е одговор на предлогот на преговарачката четворка за мир на Блискиот Итсок, која се состои од Русија, САД, ЕУ и ОН кои се залагаат да се постигне договор до 2012-та. Либерман изјавата ја даде по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, денеска во Ерусалим.