Русија:апсењето на „шпионите“ е навраќање кон Студената Војна

Од руското министерство за надворешни работи соопштуваат дека аспењето на 10 луѓе за кои се тврди дека се руски шпиони во Соединетите држави е навраќање на Студената Војна. Од Министерството соопштиле дека наодите на САД се неосновани, и апсењето го окарактеризирале како непристоен чин, и тоа доаќа во време кога претседателот Барак Обама направил чекори за обновубање на односите со Русија. Еф Би Ај, вчера уапси 10 луѓе за кои вели дека шпионирале за Русија долги години и се обидувале да се инфилтрираат во политичките кругови.