Бан Ки Мун и натаму е за преговори со Иран

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека е за преговори со Иран за неговата нуклеарна програма и покрај новите санкции од Советот за безбедност против таа земја. Вратата за преговори сеуште е отворена и ќе продолжам да ги поттикнувам светските лидери да ги зголемат напорите за дипломатски решение на кризата. До изјавата доаѓа откако иранскиот претседател Махму Ахмадинеџат изрази готовност за обновување на преговорите со Западот, но од крајот на август.