Генерален штрајк во Грција

Во Грција за денеска е најавен генерален штрајк против предложените реформи во делот на пензискиот систем, поради што нема да работат јавните служби а сообраќајот ќе се одвива отежнато. Во текот на штрајкот во болниците ќе биде само дежурниот персонал додека пак училиштата, даночната управа и општинските служби ќе бидат затворени. Исто така нема да излезат дневните весници а електронските медиуми нема да емитуваат вести, затоа што на штрајкот ќе му се придружи и најголемиот новинарски синдикат.