Железничка несреќа во Чешка

Машиновозач загина а шестмина се повредени во северна Чешка откако воз се лизнал од шините. Несреќата се случила во градот Усти над Лаба, а засега сеуште не се познати причините. Возот бил прилично оштетен а поради несреќата затворена е главната железничка пруга која го поврзува Усти над Лаба со главниот град Прага.