Неколку европски држави добиваат информации со тортура

Во најновиот извештај на Хјуман Рајтс Воч се вели дека Велика Британија, Франција и Германија употребуваат странски разузнавачки информации добиени преку тортура во борбата против тероризмот. Во извештајот се вели дека ваквата практика на водечките држави од ЕУ е во контрадикција со воспоставените начела за антитортура и дека му наштетува на кредибилитетот на ЕУ.