Второ пријавување во средните училишта во Македонија

Денеска и утре ќе се врши второто пријавување за првиот уписен рок во јавните средни училишта во државата за учебната 2010/2011 година а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 1 јули. Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Македонија има за вкупно 19 642 ученици од кои 11 741 за настава на македонски јазик, 7078 за настава на албански, 635 за турски и 33 за српски јазик.