Бразил убедливо

Фудбалската репрезентација на Бразил се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка, откако синоќа во осминафиналето ја совлада селекцијата на Чиле со 3:0. Головите ги постигнаа Жуан, Луис Фабијано и Робињо. Во четвртфиналето Бразил се среќава со Холандија, која претходно ја совлада Словачка со 2:1.