ЕУ нема намера да забрани носење бурки

Европската Унија нема намера да донеесе закон со кој се ограничува носењето бурка на јавно место, бидејќи тоа е одлука на секоја земја пооделно , соопштува Европската комисија. Шпанската Влада има намера да воведе закон за верски слободи со кој ќе се ограничи носењето бурка на јавни места, соопштил шпанскиот министер. И во Белгија наскоро треба да биде донесен закон за забрана на бурки. А сличен закон треба да се најде и пред француските парламентарци.