Иран подготвен да преговара со Западот

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека Иран е подготвен да се врати на разговорите со Западот околу контроверзната нуклеарна програма на Техеран, но не сега, туку при крајот на август. Изјавата на Ахмадинеџад следи по одлуката на Советот за безбедност за нови санкции против Иран Западот се сомнева дека иранската нуклеарна програма е наменета за производство на нуклеарно оружје, но Техеран вели дека е за мирољубиви цели. Ахмадинеџад, исто така, ги отфрлил забелешките на директорот на американската разузнавачка агенција, Леон Панета дека Иран има доволно ниско збогатен ураниум за да произведе два нуклеарни бомби