Друцас:изјавите на Груевски не направија оптимисти

Последните изјави на премиерот Никола Груевски создадоа оптимизам кај грчката страна за спорот со името, изјавил алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас во интервју за атинскиот весник „Та неа“, пренесува Макфакс. Тој изјавил дека се надева дека лидерството на соседната земај ќе избере европска иднина наместо краткотрајни политички придобивки. Друцас уште еднаш во интервјуто за „Та неа“ ја повторува грчката позиција за име со географска одредница за севкупна употреба. Toj не го коментирал името „Република Вардарска Македонија“, туку изразил подготвеност да се разгледа секој сериозен предлог што ги исполнува грчките услови.