Медведев загрижен за нуклеарната програма на Иран

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека е загрижувачко тврдењето на ЦИА дека Иран има доволно ураниум да произведе две нуклеарни бомби, посебно бидејќи меѓународната заедница смета дека нивната нуклерна програма не е транспарентна. Русија традиционално е сојузник на Иран, но Медведев со ваквиот став ја зголеми загриженоста во јавноста за нуклеарните активности на Иран.