Во автобуска несреќа во Кина 11 загинати

Автобус полн со патници излетал од планински пат во северозападна Кина и паднал во провалија, при што загинале 11 луѓе, а 31 се повредени, јавуваат кинеските медиуми. Автобусот бил предвиден за 19 патници ,а во него се наоѓале 42. Меѓу повредените 13 се во критична состојба. По несреќата веднаш биле сменети локалните власти задолжени за сообраќај.