Северна Кореја не сака да преговара за потопувањето на бродот

Северна Кореја денеска го отфрли предлогот на ОН за одржување на преговори околу потопувањето на јужнокорејскиот воен брод, за чие потопување Западот го обвинува Пјонгјанг. Командата на ОН задолжена за надгледување на примирјето меѓу двете Кореи покрена истрага за потопувањето на бродот. Истрагата на телото на ОН кое е предводено до САД, утврди дека бродот бил погоден од севернокорејско торпедо. Но, Северна Кореја ги отфрла обвинувањата .