Советот на Исламската заедница во Србија ќе го бојкотира весникот „Блиц“

Советот на Исламската верска заедница во Србија повика на бојкот на весникот „Блиц“, поради објавувањато на фотомонтажата на која главниот српски муфтија Муамер Зукорлиќ е прикажан облечен во православна свештеничка одежда со крст на чело. Иако весникот Блиц се извини, тоа за Исламската верска зедница не е доволно , тие бараат и симболично обесштетување во висина од 100 милиони евра, бидејќи не бил нарушен само угледот на главниот муфтија, туку биле повредени и верските чувства на сите муслимани.