Во Романија свештеник си ги убил децата па се самоубил

Романски свештеник си ги убил своите деца, па се самоубил , јавуват медиумите. Тој прво ги заклал своите деца на возраст од 5 и 7 години, во дворот во црквата во која служел, а потоа се фрлил под воз. Не се познати мотивите за убиството, но локалните медиуми соопштуваат дека свештеникот имал психички проблеми и неодамна бил на лекување.