Демонстрации против самитот на Г-20

Илјадници демонстранти марширале низ центарот на Торонто, во саботата, тие палеле полициски автомобили, кршеле излози на продавници, кафулиња, банки во знак на спротивставување на Г-20 самитот. Иако протестот започнал мирно, во сето тоа се замешала група на анархисти облечени во црно, кои ја принудила и полицијата да реагира. Полицијата привела најмалку 30 луѓе во текот на протестите.