Јемен во акција против Ал Каеда

Безбедносните сили на Јемен уапсиле 30 луѓе за време на дводневната потрага по оперативци на Ал Каеда кои стојат зад нападот на службата за разузнавање. Од Министерството за одбрана соопштуваат дека операцијата за потрага на милитантите ќе продолжи. Почнувајќи од вчера безбедносните сили одат од врата до врата во областа Аден во потрага по осомничените. Официјален Јемен ја обвини Ал Каеда за нападот од минатата недела на зградата на службата за разузнавање. При нападот загинаа 7 офицери на безбедносните сили , три жени и едно дете, а милитантите ослободија неколку затвореници